Маја Оџаклиеска проговори за тајниот однос со Здравко Чолиќ

„На секој концерт ќе се свртеше кон мене и ќе ми пееше само на мене, а не на публиката. Менаџерот потоа ќе побараше да се сокријам зад завесата“, раскажува Маја Оџаклиева за односот кој во минатото го имала со Здравко Чолиќ.

Здравко Чолиќ и Маја Оџаклиевска на почетокот на своите кариера биле многу блиски, толку што најголемиот естраден заводник на секој концерт и пеел само на неа, а не и на публиката.

Додека жените ширум поранешна Југославија лудувале за Чола, пејачот не можел да го сокрие погледот од колешките со кои во седумдесетите години го пропатувал целиот свет.

Здраво тогаш на турнеите патувал со бендот и пратечките вокали, Маја Оџаклиевска и Кемал Монтено. Поради нејзиниот исклучителен глас, Здравко не можел да се фокусира на концертот, поради што Маја морале да ја сокријат зад сцената.

Продолжи понатаму

„Сите негови песни ги сакам, а особено „Продолжи понатаму“. Таа песна ме врзува за младоста, кога одевме заедно на турнеите и кога со Кемал и јас бевме пратечки вокали. Ќе се сетам како стојам зад сцената, зад завесата. Тоа беше неопходно затоа што секој пат кога ќе почнам да пејам Чола ќе с е свртеше кон мене и фактички ќе ми пееше мене, а не публиката. Менаџерот тогаш одлучил ние како вокали да се сокриеме зад завесата за да му овозможиме тој да и се обрати на публиката. Тогаш тоа не го поднеосв најдобро. Бевме млади и неискусни“, вели Маја низ смеа, а на прашањето дали Здравко бил заљубен во неа, таа одговорила со загатка:

Девојките и понатаму го сакаат

„Не знам дали бил заљубен во мене, морате да го прашате него. Тоа е интимен дел од приказната. Сигурно е дека бил заљубен во мојот глас. Нема кој не е. Од друга страна и јас како и сте жени, бев заљубена во ликот и делото на Чола. Тој беше пејач на нашата генерација. Нема кој не беше заљубен во него. И денес девојките се заљубени во него“, вели Маја.

 

Scroll to Top