Мајка на Дражен: Кога го гледам Новак како да го гледам син ми

Мајката на легендарниот кошаркар Дражен Петровиќ, Бисерка, во интервју за српските медиуми го спореди најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ со нејзиниот син.

„Кога го гледам Новак, како да го гледам мојот Дражен. Ѓоковиќ како да е излезен од мојата куќа. Тешко ми е кога е повреден и кога се пишува лошо за него. Мојот син и Новак се најголемите спортисти koi излегле од овие простори“, изјави Бисерка Петровиќ.

На ова не остана рамнодушен и Новак Ѓоковиќ, кој изјави: „Го почитувам семејството Петровиќ. За мeне е комплимент изјавата на Бисерка и сакам да ` се заблагодарам од срце. Се надевам дека ќе имам можност наскоро да ја запознаам, бидејќи до сега не успеавме да се сретнеме.  Дражен владееше со европската и америкaнската кошарка додека бев многу млад, а несреќата што се случи беше огромна загуба“, рече Новак за српските медиуми.

 

 

 

 

Scroll to Top