Македонец му го намести рамото на Саша Ковачевиќ

Саша Ковачевиќ вчеравечер имаше свој настап во кафулето „Дежа ву“ во Скопје, а вечерва со своите најнови хитови ќе настапи пред кумановчани.

Репортер.мк ексклузивно дознава дека утрово Саша се разбудил со силна болка во десното рамо, по што се пожалил на својот личен доктор кој му препорачал да го одложи вечерашниот настап и да се врати во Србија на рехабилитација.

Сепак, Ковачевиќ не сакал да ги разочара своите фанови во Куманово и одлучил да не го одложи настапот, по што неговиот близок пријател и фудбалер Филип Наков веднаш го однел кај Таир да му го намести рамото.

Таир е Македонец кој има вештина преку специфични движења и масажа да ја отстрани болката. Во Македонија е многу ретко бидејќи често патува во Турција, Полска и Азербејџан, каде што има многу клиенти.

Scroll to Top