Марија Микиќ итно оперирана, ја чека тешко закрепнување

Српската пејачка Марија Микиќ е итно оперирана во Турција и, како што самата кажа во видео од болницата, ја чека тежок период на закрепнување.

Пејачката Марија Микиќ е оперирана откако беше итно хоспитализирана поради лоши резултати.

Пејачката, која неодамна се разведе, доживеа неочекуван исход на прегледот во Турција. По двете претходни операции на гласните жици, пристигнаа лоши вести за нејзиното закрепнување.

Марија сега е оперирана по трет пат, а по операцијата се огласи.

Таа објави слика од болнички кревет, со маска за кислород и поврзана со апарати, и напиша:

„Колку пораки, ви благодарам, добри мои. Сè помина одлично. Кога ќе се опоравам, нема да можете да се ослободите од мене“, напиша пејачката.

Марија Микиќ, која во април годинава имаше две операции на гласните жици во Турција, повторно отпатува на преглед со надеж дека ќе слушне добри вести.

Сепак, наместо очекуваниот напредок, се соочи со непријатно изненадување, резултатите од прегледот покажаа дека закрепнувањето не оди како што треба.

„Дојдов на последен преглед и ме пречекаа вести што не ги очекував. Животот понекогаш ни носи околности што не ги сакавме. За жал, имам закажано уште една итна операција. Сè што ми се случи неодамна имаше негативно влијание врз текот на закрепнувањето“, рече Марија.

„Сакам да и се извинам на публиката во Бања Лука, нема да се видиме во петок, иако сакав. Ме чека уште еден многу тежок период“, рече пејачката во видео што го објави на Инстаграм.

Scroll to Top