Српската пејачка Марија Шерифовиќ откри дека наскоро ќе глуми во серија заедно со Андрија Милошевиќ и Анѓелка Прпиќ. Таа рече дека ќе се глуми себе си како единствената српска победничка на Евровизија.
Покрај нив, во серијата ќе играат и Бранка Пујиќ, Аница Добра, Тихомир Станиќ, Андрија Кузмановиќ.
Марија не е единствената пејачка која се пробала да глуми. Пред неа тоа беа нејзините колешки Милица Павловиќ и Александра Пријовиќ.
Пријовиќ се појави во четвртата сезона на „Убијците на татко ми“, додека Милица имаше главна улога во серијата „Пејачка“.