Марија Шерифовиќ навреди учесник во „Гранд“

Во најавата за новата епизода на „Sвездите на Гранд“, што ќе се прикажува оваа сабота, пејачката Марија Шерифовиќ бесна, навреди еден од учесниците. Таа му се обрати со висок тон, без да бира зборови, пишуваат српските медиуми.

„Дали имаш мозок ?! Што ти е ?! Каде ти е интелигенција ?! Дали имаш ај-кју 17 како собна температура?!“, вели Марија, но најавата не ја дава реакцијата на пејачот или пејачката.

За потсетување, Марија неодамна откри дека ова најверојатно ќе биде нејзината последна сезона како член на жирито на „Гранд“. Таа испрати соопштение до медиумите во кое вели дека „се потрошила“ и „дала сè што имала во шоуто“. Таа лани беше ментор на победничката Џејла Рамовиќ.

 

Scroll to Top