Марија Шерифовиќ: Помислив да се самоубијам пред „Беовизија“

Една од најпопуларните пејачки, Марија Шерифовиќ, им откри на фановите дека пред да настапи на „Беовизија“, фестивалот за Избор на песна за Евровизија, таа помислила да се самоубие.

Пејачката одговараше на прашањата на фановите на својот јутјуб-канал и на „Инстаграм“. На едно прашање од нејзин фан за нејзиниот изглед со кој настапила на „Беовизија“, Шерифовиќ даде директен одговор.

„Ми падна на памет и самоубиство, или да се отрујам, или да се убијам или да извршам некое тешко злосторство“, му одговори Шерифовиќ на прашањето дали помислила да се самоубие поради нејзиниот изглед.

Сепак, пејачката на крајот одговори дека тоа го облекла за да ја одработи вечерта професионално и дека сето тоа било шоу-бизнис. Таа е позната по нејзиниот момчешки изглед, но специјално за таа вечер Марија избра да носи фустан.

„Да се разбереме. Јас сметам дека мојот изглед прави да бидам целосен кретен и идиот. Изгледам како Урсула од ‘Малата сирена’“, одговорила Марија во продолжение.

За потсетување, пејачката во 2007 година победи на најголемиот европски музички фестивал со песната „Молитва“.

Scroll to Top