Марија Шерифовиќ ја менува професијата поради коронавирусот

Пејачката Марија Шерифовиќ  вели дека поради пандемијата со коронавирусот е принудена да ја промени професијата. Пандемијата влијаеше на голем број професии, меѓу кои и на музичарите.

Тие со месеци немаа концерти и забрането им е да имаат настапи. Последиците ги почувствува и една од најпознатите пејачки Шерифовиќ, која откри дека музичката кариера ќе ја замени со нова професија, сè до моментот додека работите не се вратат во нормала.

Таа на „Инстаграм“ објави снимка во која вели дека ќе стане „Јутјубер“.

 

View this post on Instagram

 

Dobar vam dan. Kako smo danas ? ☕️🍪

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic) on

„Пари нема. Ќе пејам следната година“, вели Марија, која објасни дека работите станувале сè потешки за неа во периодот што го минала во карантин.

Таа објасни дека пандемијата влијаела на нејзината финансиска и здравствена состојба. За времето што го минала во карантин често им се јавувала на пријателите на „Инстаграм“ и се гледале преку камера.

„Искрено, ова е првпат во шест месеци да немаме снимено. Ќе видиме како тоа ќе влијае на мојата здравствена состојба. Бидејќи не работам, ова ќе ми биде единствена занимација, но и финансиски бенефит“, изјавила Марија.

 

Scroll to Top