Марија Шерифовиќ сака да стане мајка

Српската пејачка Марија Шерифовиќ сака да стане мајка, пишуваат српските медиуми. Таа според пишувањата на Ало.рс, има желба да добие син.

Медиумите пренесуваат дека нејзината животна желба е да стане мајка, па затоа три пати пробала со вештачко оплодување во Белград и Лос Анџелес.

Во меѓувреме откако не успеала да забремени, победничката на Евровизија, се разочарала, па за кратко време се откажала од желбата да стане мајка и се посветила на кариерата.

„Таа пред да се пресели во Америка, во една приватна клиника во Белград се обидела да по вештачки пат да забремени. Кога во тоа не успеала, се разочарала и се упатила во Лос Анџелес, каде има одлични експерти во оваа област“, открива добро известен извор, за „Ало.рс“.

Марија неодамна повторно го повторила експериментот и се доверила на своите блиски дека сака да роди момче.

„Сакам син. Момчето може да биде криминалец или хомосексуалец, а девојчињата ми се страшни. Не змам дали во Србија желно го чекаат мојот наследник, но штом го добијам, со радост ќе го споделам тоа со нацијата, затоа што поубави вести од тоа нема“, изјавила Шерифовиќ, која мисли дека ќе биде добра и посветена мајка, пренесува Ало.рс.

 

 

Scroll to Top