Во интервју за српскиот магазин „Стори“, пејачката Марија Шерифовиќ открила дака сака да стане мајка. Таа рекла дека сериозно размислува за мајчинството.
„Мислам дека тоа е најголемиот триумф на животот. Морам да признаам дека кога размислувам за тоа, јас сум многу радосна“, кажала Марија во интервјуто.
Таа не ја исклучила можноста некогаш во иднина и да посвои дете.
„Тоа е највозвишеното нешто што човек може да го направи. Им се восхитувам на луѓето што се спремни за такво нешто, но јас не мислам дека се уште не сум“, додала Шерифовиќ.