Марија Шерифовиќ среде ресторан во Америка: Сите заби сега ќе си ги скршам

Освен музиката, познато е дека Марија Шерифовиќ сака и добра храна. Таа до неодамна беше на строга диета и видно ослабе и сега реши да се чести со добар оброк во Америка каде што е веќе некое време.

Таа во својот нов блог покажа како изгледа нејзиното мени, а беше и во обиколка на ресторани каде предизвика лавина реакции. Прв на листата бил јапонски ресторан каде Шерифовиќ засука ракавите и покажа дека ја бива во кујната. “ Кога ми се јавија да ме прашаат дали ќе дојдам во ресторанот, побарав маса во аголот и им објаснив дека снимам блог во ресторанот. И кога влегов ме прашаа ‘Марија, дали си блогерка?’  Ќе полудам! Сега ќе го испечеме месото, ми велат,  во зависност од тоа какво месо сакаш.

После тоа таа реши да посети друг ресторан каде што како вели никогаш не јадела повкусна храна. “Ова мириса, драга моја мамо, што е ова? Сега ќе си ги скршам сите заби. Мириса на чварки, на печење, на лудница, на болница за холестерол“ – се пошегува пејачката.

Познато е дека Марија секогаш кога има слободно време сака да патува во Америка, а во новиот блог откри какво било нејзиното искуство досега.

“ Сите мои искуства со Америка беа добри, навистина не сум имал лошо искуство, од полицаецот на пасошка контрола па до се натаму“, вели Шерифовиќ

Scroll to Top