Марија Шерифовиќ ужива во Лос Анџелес

Марија Шерифовиќ ова лето одлучи да го мине во Лос Анџелес, место кое како што таа вели е нејзин втор дом.

Шерифовиќ на Инстаграм се пофали со неколку фотографии од градот на сонцето, плажите и добриот провод.

Освен што пливаше во базен, Марија уживаше во своето порше, а тоа го сподели со фановите на Инстаграм.

„Кога одлучив да станам пејачка, ми велеа дека многу често ќе бидам сама. Па ако… Фин е животот, еден е, самачки, но сосема фин“, напишала Марија и додала:

„Подобро сама, него со кого било“.

 

 

 

Scroll to Top