Марина Радосављевиќ, ѕвездата на „Гранд“, претепана и префрлена на хирургија

By

Марина Радосављевиќ Маки, пејачката на „Гранд“, беше претепана викендов во Врњачка Бања и едвај преживеала. Ја претепал нејзиниот поранешен љубовник  по кого полицијата интензивно трага, а Марина е во болница.

dobivaj vesti na viber

„ Не сум добро. Сега сум на хируршкото одделение во Краљево. Прстот ми е скршен, имам силни болки во пределот на градите, ме болат сите коски, лицето ми е изобличено и имам големи болки во градниот кош. Имав и потрес на мозокот, па се повеќе повраќам“, изјавила Марина за српските медиуми.

Таа раскажала како се случило:  Бевме во вип – ложата кога влета бившиот и почна да ме удира. Неговите пријатели беа околу него и никој не направи ништо за тоа. Од првиот удар паднав на подот, а потоа бев во несвест, но тој продолжи да ме удира. Верувам дека сето тоа беше снимено на камера, вели пејачката.

Сограѓани кои случајно се нашле на местото на настанот тврдат дека Марина претходно го провоцирала Иван.  Од друга страна, приказната на Марина е сосема поинаква:

– Не го провоцирав, воопшто не го ни забележав, ниту бев во негова близина. Дојдов со мојата пријателка и таа подоцна ми прераскажа, бидејќи не се сеќавам на тој прв момент поради потрес на мозокот. Слушнал од луѓе дека сум дошола, се појави и веднаш почна да ме тепа. Која е причината за сето ова, навистина не знам, но во ниту еден момент не му дадов причина да ме нападне.

Марина открива дека целиот случај е пријавен кај надлежните. „Ова не ми се случува првпат. Го пријавив во полиција, а од нив добив информација дека побегнал.

Ќе ви се допадне