Српскиот текстописец Марина Туцаковиќ веќе неколку недели е на лекување на институтот за онкологија и радиологија во Србија.
Информацијата прв ја пренесе српски „Телеграф“, кој напиша дека Туцаковиќ боледува од тешка болест и дека нејзината здравствената состојба е прилично лоша.
„Сите на институтот максимално се трудат да ѝ помогнат на Марина и да ѝ ги олеснат тешките денови и битката за живот“, изјавил изворот на „Телеграф“ од болницата.
Тој додал дека Туцаковиќ прима терапија и дека сите се надеваат дека ќе ја победи болеста, иако не кажува конкретно за каква болест станува збор.