По неколкумесечната борба со ракот на дојката, Марина Туцаковиќ, објави прва фотографија. Ослабена, со канила за инфузија на раката, но насмеана, таа напиша: „Во моментов се чувствувам добро. На одмор сум. Не можам целосно да бидам добро, потребно е да помине време од лекувањето. Се уште примам терапија. До комплетно закрепнување ќе помине уште доста време“, вели таа.
Туцаковиќ откри дека во моментов е во Војводина, далеку од градската врева во Белград. Таа ги чека резултатите од имунотерапијата што ја правеше во Германија, но тие ќе бидат видливи по три месеци.
„Најважно е да веруваш. И кога е најлошо, ти дај го најдоброто од себе“, вели Марина.