Марина Туцаковиќ наскоро повторно ќе замине во Германија за да ја прими втората доза од експерименталната вакцина против рак. Откако лани дозна дека е боледува од рак на дојката, таа веднаш отиде на лекување во странство и по првиот третман неколкупати изјави дека иако е постојано изнемоштена, сепак се чувствува добро.
„Мислам дека ќе одам пак за три недели. Секако дека се плашам. Тоа е нормално, јас сум постојано изнемоштена. Духот ми е силен, но телото сè уште ми е слабо“, рекла Марина во интервју за „Свет“.
Овој пат на лекување ќе оди само со сопругот.
„Не можам сама, Фута ќе мора со мене. Синот Лача ќе остане во Србија. Му кажав дека мора да работи бидејќи имаме многу работа, а кога ќе се вратиме, јас ќе продолжам да пишувам нови текстови“, рекла таа.