Марина Туцаковиќ прв пат прозборе за ракот

Марина Туцаковиќ во интервју за „Блиц“, прв пат прозборе за болеста. Таа отрки дека сегашните резултати биле подобри од оние на 7 февруари кога дознала дека има рак на градата.

„Сега се чувствувам добро. На одмор сум. Не можам потполно да бидам добро, се уште примам терапии и уште нешто. До потполно оздравување треба да помине уште време, вели Марина и додава:

„Ќе видиме, како ќе биде понатака, не знам дали најлошото помина или не. Времето е потребно за се, така и за моето оздравување, вели Туцаковиќ.

Таа рекла дека некои денови се чувствува подобро, некои полошо, но дека нема да се откаже во борбата со ракот.

По операцијата во Белград, Марина лекувањето го продолжи во Германија.

„Не се оперирав во Германија, таму бев на терапија која ми ја препорачаа лекарите. По три месеци ги покажува резултатите, така да наскоро ќе знам каков е резулатот од терапијата“, вели Марина.

Таа моментално се одмара надвор во Војводина во друштво на пријателка.

„Се трудам да „избегам“ од Белград. Ми годи природата и да ги наполнам батериите за она што следува, вели Туцаковиќ.

Scroll to Top