Марко Бошњак од „Пинкови ѕвездички“ преработи песна на Дино Мерлин

Марко Бошњак е детето кое никого не остава рамнодушен – дете со ангелски глас, на публиката ѝ стана познат и како победник на регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“.
Чудото од дете, така сите го нарекоа за време на музичкото натпреварување, повторно позитивно ја изненади публиката.
Во студиото на Амил Лој ја сними во живо песната „ Да је туга сњег“, големиот хит на Дино Мерлин.
Веруваме дека ќе уживате во преубавата интерпретација на малиот Бошњак.

Scroll to Top