Легендарниот НБА кошаркар Меџик Џонсон повторно ја посети Хрватска, а сега сподели серија фотографии од одморот на својот Фејсбук профил.
„Се забавуваме одлично во Хрватска, на островот Хвар и во Сплит! Уживавме во прошетка низ Хвар, а денот го завршивме со ручек во Лаганини Бич Клуб. Во Сплит уживавме во фантастична вечера во ресторанот Јадрански. Рестораните се одлични, а сите јадења што ги пробавме беа врвни! Рибата и морските плодови се неверојатно свежи – како да дошле директно од морето на чинијата. Хрватите се прекрасни“, напиша тој во описот на профилот.
Џонсон беше фотографиран во Трогир во друштво на неговата сопруга Куки и пријатели, меѓу кои се бејзбол играчот Дејв Винфилд со неговата сопруга Тоња и Тони Каловеј и неговата сопруга, актерката Ванеса Бел Каловеј.
Секоја година го посетува Дубровник
Меџик Џонсон со години одмара во Хрватска. Тој го посети Дубровник минатата година, како и во 2020, 2021 и 2023 година, и често споделува впечатоци и препораки за Хрватска на социјалните мрежи, истакнувајќи ја нејзината убавина и фантастична храна.
Тој беше импресиониран и од Црна Гора
Меџик Џонсон ја посети Црна Гора со својата сопруга во 2023 година пред да го посети Дубровник.
„Возбудливо е кога Куки и јас истражуваме нова земја, а Црна Гора е спектакуларна! Ова ни е првпат во оваа земја, прекрасна е и луксузна“, напиша тој на Твитер во тоа време.