Мигранти со нож го нападнале синот на Вики Миљковиќ

Тројца мигранти со нож вчера попладне го нападнале синот на пејачката Вики Миљковиќ, Андреј (15). За нападот вики дознала од сопругот Ташке, додека била на снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“.

„Не можев да поверувам дека ќе се случи такво нешто. Ташке ми се јави и ми кажа што се случило и искрено бев шокирана“, рекла Вики за медиумите.

Таа раскажала дека Андреј се враќал од тренинг кога го нападнале мигрантите.

„Му пришле и викале на англиски да им даде пари, а бидејќи тој не сакал да го направи тоа, едниот извадил нож и во тој момент Андреј почнал да трча во правец на зградите на ‘Белград на вода’. Само што влегол во зградата им кажал на луѓето во холот што се случило, па обезбедувањето ги избркало мигрантите. Среќа што Андреј е активен спортист, па успеал да им побегне. Замислете вакво нешто да му се случи на некој кој не е физички подготвен“, додала Вики.

Scroll to Top