Милан Динча од „Гранд“ стана татко, на ќерката ѝ даде старо народно име

Српскиот пејач Милан Динчиќ – Динча и неговата сопруга, водителката Јелена, вторпат станаа родители. Јелена роди ќерка на која ѝ дадоа старо народно име, Митра. Веста за раѓањето на ќерката двајцата ја споделија на социјалните мрежи.

„Митра Динчиќ. Добре ни дојде“, напиша Јелена по породувањето.

Динча  откри за српските медиуми дека го избрале ова име бидејќи значи „креативна, духовно силна, чесна, независна, способна да ги надмине тешкотиите и да сака со чисто срце“.

Јелена и Динча се венчаа 2018 година и веќе го имаат двегодишниот син Вукан.

Scroll to Top