Милан не ѝ дозволува на Северина да го види синот поради коронавирусот

Српскиот бизнисмен Милан Поповиќ не ѝ дозволува на неговата поранешна партнерка, хрватската пејачка Северина Којиќ, да го посети нејзиниот син Александар поради коронавирусот. Милан одлучил да се самоизолира со семејството, затоа што неодамна се вратил од патување од Европа, од земји во кои се шири коронавирусот.

„Дојдов во Србија затоа што таткото на мојот син одлучи тука да ја мине целата недела и јас да можам да го видам мојот син во судски одредените термини, во вторник и четврток од 15 до 20 часот, како и следниот викенд од сабота, термин кој исто така е мој“, вели Северина.

Пејачката откри дека се надевала дека ќе го види Александар, но до средба не дошло, затоа што Милан одлучил да се самоизолира.

„Од саботата чекам и молам да го видам моето осумгодишно дете кое не ја има видено мајка му цели пет дена. Не ми дозволи да го видам ниту во саботата. Во неделата кажа дека е кај неговите браќа, па ќе ми го даде да го видам во понеделник. Тогаш се предомисли. И кога конечно денес требаше да се видиме, тој реши да се самоизолира себе и Александар. Тој патувал во Австрија на 7 и 8 март. Патување за кое не ме извести. Уште претходно кога бев двапати со синот го предупредив на тоа и на судската одлука. И дојдов во Белград да се видам со Александар, но не можам да влезам. Не ми даде да го видам ниту од балкон или вратата“, напишала Северина на социјалните мрежи.

Scroll to Top