Милан Поповиќ ја обвини Северина за фотографиите

Поранешниот партнер на Северина Којиќ, Милан Поповиќ, со кого пејачката го има синот Александар, изјави дека е шокиран од новиот скандал со фотографиите на кои пејачката е разголена и ја нападна дека е несериозен родител.

Поповиќ во јавноста излезе со краток коментар велејќи дека е несериозно што Северина се фотографира гола, однапред знаејќи дека таквите фотографии можат да излезат во јавност, особено по искуството од пред месец дена.

„Мене никогаш не ми испрати такви фотографии. И мислам дека е многу несериозно што некој кој веќе имал вакво искуство повторно прави вакви фотографии. Не навлегувам во тоа кој ги објавил и од каде излегле истите во јавност, но е многу несериозно некој да прави такви фотографии, особено кога е родител“, изјавил Милан Поповиќ и додал дека ќе направел сè ако можел  истите да не се појават во јавност.

Scroll to Top