Милан Поповиќ пак ја тужи Северина

Поранешниот партнер на Северина, Милан Поповиќ, повторно ја тужи пејачката, пишуваат регионалните медиуми. Тужбата е за небрежност, а како резултат на случувањата од минатата недела, кога пејачката го однела синот Александар во Грција, а потоа му дозволила на нејзиниот сопруг Игор Којиќ да го одведе детето во посета на Света Гора, додека таа останала во Солун.

Северина има дозвола да го изнесе својот син надвор од земјата, но Игор нема право да се движи сам со нејзиниот син надвор од Хрватска.

Според судот, Александар со својата мајка ќе биде уште денес, а потоа таа мора да му го врати на Милан, кој од пред неполн месец го има старателството врз синот.

Scroll to Top