Откако на Инстаграм фолк-пејачот Милан Станковиќ објави селфи фотографија на која лицето му е мазно и без брчки, српските таблоиди напишаа дека тој направил лифтинг на лицето за да изгледа помладо. Но, пејачот веднаш демантираше дека го затегнувал лицето.
„Вежбам, пијам многу вода, се хранам здраво. И се сликам со предна камера која има филтри за мазно лице“, напишал Милан под една од објавените фотографии.