Милан целосно се повлече од сцената, ТОТАЛНО го промени имиџот, а сега ги покажа и мускулите

Пејачот во последните месеци редовно посетува теретана, па на радост на девојките конечно се соблече и ги покажа резултатите.

Милан Станковиќ некое време отсуствуваше од музичката сцена, а за тој период целосно го промени физичкиот изглед, од фризурата до стилот на облекување и физичката форма.

Милан е миленик на девојчињата веќе со години и има армија на обожаватели, а во последните месеци вредно тренираше, па конечно на нивна радост, ги покажа резултатите.

Се соблече во костим за капење и фотката ја објави на Инстаграм, а неговиот физички изглед приметно е поинаков. Милан од симпатично русокосо момче, стигна до зрел маж и за кратко време доби еден грст комплименти.

„Им ја вадиш душата на девојките“, „Се ќе падне на тебе“, „Убиваш“…“ се само некои од коментарите.

Scroll to Top