Мили на одмор на Сицилија: го посети местото Корлеоне од каде потекува смејството од филмот „Кум“

Директорот на музичката продукција на Гранд, Александар Милиќ Мили е на одмор на Сицилија. На Инстаграм објави неколку фотографии од Сицилија на кои покажа како ужива. Посебно внимание привлече фотографијата на која Мили позира на влезот во местото Корлеоне, од каде потекнува познатото семејство Корлеоне од книгата и филмот „Кум“.

Тој обожава да патува и слободното време се труди да го искористи за посета на некоја интересна дестинација. Музичкиот директор на „Гранд продукција“ обожава да запознава нови култури, знаменитости, уметнички дела, па неодамна престојуваше во Швајцарија каде присуствуваше на изложбата на Жан Мишел Баскија, почитуван уметник од крајот на г. 20-ти век.

Мили е еден од нашите најистакнати и најуспешни композитори, а последниве години е дел од најголемиот музички натпревар во регионот „Ѕвездите на Гранд“ каде е чен на жирито и ментор на дел од кандидатите.

Мили во досегашната кариера создаде бројни хитови за некои од најголеми музички ѕвезди како Цеца Ражнатовиќ, Лепа Брена, Харис Џиновиќ, Ана Бекута, Дара Бубамара, Драгана Мирковиќ.

Мили е и основач и сопственик на музичката компанија „Милиграм мјузик“ која ја основа во 2004 година, како и на бендот „Милиграм“ кој донесе новости на српската музичка сцена.

Scroll to Top