Милица Тодоровиќ го оперира носот во Турција

Пејачката Милица Тодоровиќ откри дека направила операција на носот во Турција. Таа вели дека морало да ја направи поради здравствени причини.

Пејачката во минатото често користела капки за нос, кои речиси ѝ го уништиле срцето. Ако не ја направила операцијата, нејзиното здравје драстично ќе се влошело, вели Милица.

„Беше напнато во Истанбул. Таму бев со мојата мајка. Не кријам дека направив операција на носот, но не бев поради естетски корекции, тоа не ми беше потребно, туку од здравствени причини. Но, и понатаму не можам нормално да дишам од операцијата и сè уште закрепнувам. Осум години користев капки за нос и си направив поголеми проблеми. Срцето почна да ми скока. Тогаш мајка ми ме натера да одам на операција, иако на почетокот бев против тоа. Навистина им се воодушевувам на колегите и колешките кои често одат на вакви операции за да изгледаат поубаво. Верувајте, многу е грозно и тешко. Нема некаква голема болка, но сешто може да се случи во текот на операцијата во вашиот организам“, открива Милица.

Милица вели дека операцијата морало да ја направи затоа што претерала со капките што ги користела. Тие ѝ го уништиле организмот. Признала дека во основно училиште еден од другарите ѝ го скршил носот и дека од тогаш има девијација. Тешко дишела, а тоа ѝ сметало и во пеењето.

На специјалистот му кажала да не ѝ го менува физичкиот изглед и дека се сака таква каква што е. Вели дека тој морал само да ѝ ја среди внатрешноста на носот.

 

Scroll to Top