Милица Тодоровиќ: Страв ми е дека веќе е доцна да станам мајка

Српската пејачка Милица Тодоровиќ, која неодамна наполни 30 години, вели дека сака да стане мајка. Таа признава дека кога ќе ги види своите другарки или колешки омажени и со деца, си помислува дека за неа е веќе доцна.

„Во моментот сум сама, немам дечко, па затоа кога ќе седнам на кафе со пријателка што е мажена и со дете, ми се врти таа помисла во главата, дека одамна требаше и јас да се омажам и да родам дете. Честопати се прашувам дали можеби доцнам, дали згрешив што порано не размислував за ова. Но, тоа чувство проаѓа, па си велам дека сепак има време за љубов и деца, а што е мое, ќе си дојде“, рекла Милица во интервју за „Стори“.

„Овие работи некако доаѓаат сами по себе и кога е време за тоа, односно кога судбината ги мести коцките за нас. Не велам дека треба да си легнам и да чекам работите да ми се случат сами. Но, факт е дека најголемиот дел од работата треба да ја заврши некоја повисока моќ. А што ќе ми донесе судбината и дали некогаш ќе станам мајка, останува да видам“, додала пејачката.

Scroll to Top