Милош Биковиќ е најпопуларен и најзгоден актер во Србија

Еден од најуспешните актери, Милош Биковиќ (32), со своите улоги успева да привлече големо внимание и популарност не само во Србија туку и во Русија. Благодарение на својот актерски талент, но и шармантен изглед, Биковиќ е миленик на милиони жени во Србија, Русија, но и пошироко. Важи и за еден од најпосакуваните мажи на јавната сцена.

Во интервју за рускиот портал „Вумен. ру“, меѓу другото, одговорил и на прашањето дали му годи титулата најсексипилен маж во Русија, која со години ја носи.

„Тоа би било убаво признание кога не би живееле во свет во кој луѓето не се потпираат само на изгледот. Не сакам многу да посветувам внимание на тоа. Не сакам акцентот од тоа дека сум уметник да се префрли на моето тело, лице и изглед. Ми се чини дека во нашето друштво тоа го има премногу“, рекол Милош.

Инаку, деновиве филмскиот центар во Србија објави листа на најгледани српски филмови во периодот од 2010 до 2019 година, а на првите три места се најдоа филмови во кои играше токму Биковиќ, односно на првото место со рекордни 618.415 гледачи се најде „Јужни ветар“, каде што Биковиќ ја толкува улогата на Мараш, а на второто и третото место се „Монтевидео, Бог те видео“ и „Монтевидео, видимо се!“, каде што Милош го играше Тирке.

Scroll to Top