Милош Биковиќ за еден ден заработи три милиони евра

Комедијата „Слуга“ во која главната улога ја игра српскиот глумец Милош Биковиќ, заработи околу 3 милиони евра во првиот ден на прикажување. Со тоа, ова стана најгледаниот филм на сите времиња во Русија. Филмот премиерата ја имаше на 2 јануари, кога го погледнаа околу 750.000 луѓе.

Режисер на „Слуга“ е Клим Шипенко, а покрај Биковиќ глумат и Иван Охлобистин, Марија Миронова, Александар Самолјенко.

Според руските медиуми, „Слуга“ е погледан дури и од најочекуваниот руски филм „Инвазија“ од Фјодор Бондарчук, кој во првиот ден го гледале 440.000 луѓе.

Scroll to Top