Мира успеа да го препее големиот хит на Марија Шерифовиќ

Мира Шкориќ успеа да направи нешто што на малкумина им успеало во шоуто „Твоето лице звучи познато“.

Таа доби задача да го отпее хитот „Дел од минатото“ на Марија Шерифовиќ, а во жирито седеше и поранешната учесничка на Евровизија, која веднаш по излегувањето на Мира на сцена, ѝ прати бакнеж со цел да ја охрабри.

Дали поради тоа или нешто друго, Мира буквално ги воодушеви сите со изведбата на оваа претешка балада, која ретко кој друг, покрај Марија Шерифовиќ, успеал пристојно да ја изведе.

Насмевката на Шерифовиќ по изведбата на Мира кажуваше сѐ.

А потоа паднаа и прегратки.

„Миро, беше фантастична. Навистина, јас тоа навистина го мислам. Се избори со многу тешка песна, тоа ти е јасно, но она што е најважно, успеа енергијата што ја имав јас публиката да ја препознае и кај тебе. Во движењата, интерпретацијата, навистина ми се допадна. Браво, Миро!“, изјави Марија.

Видете ги коментарите:

Сепак, на Мири Шкориќ тоа и успеа и ја однесе победата во емисијата „Твоето лице звучи познато“, која беше емитувана синоќа.

Scroll to Top