Мирослав Илиќ е биолошки татко на Девин Антоновиќ, потврди судот во Белград

Мирјана Антоновиќ, поранешната љубовница на Мирослав Илиќ, вели дека судот во Белград потврдил дека фолк-пејачот е биолошки татко на нејзиниот син Девин. Таа со години се обидуваше да докаже дека била во врска со Илиќ во време кога тој бил оженет и дека од таа врска се родил нејзиниот син Девин, кого Мирослав не сакаше да го признае.

Мирјана неодамна беше во Белград на последното рочиште и најави крај на судењето, а сега преку Фејсбук откри детали од пресудата.

„Денес е ден за славење. Донесена е судска одлука дека Мирослав Илиќ и Девин Антоновиќ се татко и син. Од среќа плачевме на сите континенти и сме презадоволни. Ова не е само наша победа, туку победа на сите мајки и деца на Србија. Кому не му се допаѓа оваа одлука нека тужи, а ние имаме многу работа. Ќе продолжиме сè додека не се смени овој застарен закон за ДНК, кој е насочен против развојот на српските семејства и српското општество. Отсекогаш сум сакала и верував дека во Србија сè уште може да се најде правда и многу ми е драго што не ме разочараа“, напиша Мирјана.

Scroll to Top