Пејачот Мишо Ковач денес излезе од болница. Тој рече дека се чувствувал одлично и едвај чекал да ја прегрне сопругата Лидија. Извор близок до него рече дека откако излегол од болницата, тој заминал во местото Строжанац, недалеку од Сплит, да се види со семејни пријатели.
За потсетување, Ковач пред 2 години се лекуваше во Специјалната болница во Загреб за белодробни болести, каде закрепнуваше од сериозна инфекција.
Минатата недела Мишо неколку дена имал зголемена температура, а во средата од дома бил пренесен во болница со Итна помош. Пејачот бил негативен на корона, а неговата ќерка Ивана минатиот петок потврди дека тој се чувствувал добро.
За време на неговиот престој во болницата, излезе и неговата песна, „Ја не могу друго него да га волим“, која Мишо ја сними со Саша Антиќ.