Мистериозен подарок на гробот на убиената пејачка Јелена Марјановиќ

До втората годишнина од смртта на Јелена Марјановиќ има помалку од месец дена, а конечното разрешување на мистеријата на нејзиното убиство и понатаму е под знак прашалник. Последните шест месеци Зоран Марјановиќ е во притвор како главен осомничен, а целото семејство е под лупа на јавноста. Новата мистерија денеска ја донесе и скриениот подарок на нејзината гробна плоча.

Под книгата на која биле исклесани последните стихови посветени на убиената пејачка, бил откриен подарокот, оставен така да не може лесно да се забележи, освен ако не му се доближите на споменикот.

Низ проѕирен целофан, кој е врзан со портокалов конец, јасно се гледа цртеж од мачка, а на нејзината глава сино срце.

 

Помалку забележлив е натписот на самата слика. Се чини со убав женски ракопис, напишана е пораката: „Среќен 8 март 2018“.

Засега не е познато дали подарокот оставен на споменикот е дојден од некој од членовите на семејството на Јелена, односно нејзината ќеркичка Јана, која на тој начин сакала да и посака и да и го честита на нејзината мајка празникот на жената.

 

Исто така не е јасно дали оваа честитка има некакво подлабоко значење кое ја врзува Јелена со личноста која го оставила подарокот.

 

Scroll to Top