Моника Белучи ќе глуми во вториот дел од српската серија „Јужен ветер“

Холивудската актерка Моника Белучи ќе глуми во вториот дел од српската серија „Јужен ветер“. Вилијам Болдвин и Ерик Робертс пристигнаа во Белград и снимаа сцени за потребите на првиот дел од серијата која во моментов се емитува на РТС.

Информацијата дека Белучи ќе се појави во серијата ја потврдил режисерот на „Јужен ветер“, Милош Аврамовиќ.

Во серијата, актерот Вилијам Болдвин игра поранешен амбасадор кој останал во Србија и кој како сопственик на консултантска фирма бил ангажиран од неговите поранешни шефови да лобира на српската политичка сцена. Потоа, тој запознава поранешен соработник, кој го игра актерот Ерик Робертс, кој работи за нафтен конгломерат и има за цел да ја спречи зависноста на Западна Европа од рускиот гас.

Scroll to Top