Познатaата двојка Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал официјално се разведоа на 6 јуни во Истанбул, по 10 години во брак.
Според турските медиуми, српската пејачка по разводот ќе добие вистинско богатство од својот поранешен сопруг.
Турскиот „Хабертурк“ наведува дека познатиот пејач и продуцент Мустафа Сандал на Емина ќе и остави две третини од приходите по продажбата на луксузната куќа во Истанбул. Се шпекулира дека од продажбата на вилата Мустафа ќе заработи најмалку 3 милиони долари.
Покрај тоа Сандал има обврска на својата екс сопруга да и купи куќа во Србија вредна повеќе од 250 000 долари, Емина за алиментација месечно ќе добива по 2800 евра.
Популарниот турски продуцент ќе плаќа и по 938 евра месечно за секое нивно дете, синовите Јавуз и Јаман. Исто така на своите деца тој ќе им го покрива и школувањето како и одморот за што годинашно ќе издвојува по точно 11 257 евра.