На Аца Лукас му здосадија „Ѕвездите на Гранд“

Фолк пејачот Аца Лукас вели дека не сакал повеќе да седи на столчето на жирито во Ѕвездите на Гранд затоа што му било премногу здодевно. Фолк пејачот после пет години решил да си замине за како што вели големата мрза која го фатила за време на снимањето.

„Ме мрзи да седам и да снимам по цел ден. Му испратив порака на Саша Поповиќ во која си кажав се што ми лежи на душа. Пораката ќе ја чувам во тајност“, изјавил Аца Лукас.

На местото на фолк пејачот, во шоуто влезе неговиот колега Ѓорѓе Давид. Саша Поповиќ преку Давид најави дека гледачите може да очекуваат и повеќе од вистинско шоу.

 

„Ѕвездите на Гранд“ е едно од најпопуларните музички шоуа во регионот, а Саша Поповиќ и неговиот тим постојано имаат желба за новитети. Откако Аца Лукас си замина од жирито, Поповиќ имаше тешка задача и да му најде достојна замена, а сега верува дека успеа во тоа. Слична ситуација беше и кога на местото на Зорица Брунцлиќ ја ангажираше Јелена Карлеуша“, изјавил близок пријател на Поповиќ.

„Ѕвездите на Гранд“ ќе имаат нов концепт, но и нов дизајн и нова сценографија која во голема мера е звршена. Друга новина во шоуто е дека учесниците ќе имаат свои ментори, и тоа од членови на жирито.

Водителската двојка ќе ја сочинуваат Воја Недељковиќ и Сања Ќужет.

Scroll to Top