На денешен ден: Дражен Петровиќ ги постигна последните 30 поени!

Пред точно 27 години, на 6 јуни 1993 година, Дражен Петровиќ го одигра последниот натпревар во неговата кариера. Во дресот на хрватската репрезентација играше квалификациски меч за пласман на Европското првенство 1993 година. Дражен Петровиќ и во „неважни“ натпревари сакаше да помогне во дресот на хрватската репрезентација и биде заедно со своите соиграчи.

Во полскиот град Вроцлав „коцкестите“ загубија од Словенија со 94:90, Петровиќ реализираше 30 поени, последните два од слободни фрлања. На тој начин ја помина границата од 1000 поени за националната селекција.

Но, мечот немаше резултатско значење, бидејќи Хрватите веќе обезбедија настап на континенталниот собир. Ја поминаа ноќта во Вроцлав, а утрото заминаа за Франкфурт, од каде полетаа назад во Хрватска.

Но, Дражен не беше меѓу патниците, кој одлучи во последен момент да патува со автомобил со тогашната негова девојка Клара Шаланци и уште една нивна пријателка, т.е. турската кошаркарка Хилал Едебал.

Следниот ден (7 јуни) во сообраќајна несреќа загина еден од најдобрите кошаркари во историјата.

Scroll to Top