„На Душко му простив многу повеќе неверства отколку тој на мене“, Карлеуша за бракот со српскиот фудбалер

Српската пејачка Jeлена Карлеуша во едно интервју отворено раскажа за бракот со Душко, како функционираат на далечина, а зборуваше и за неверствата. Таа откри дека имаче кризи и дека на својот сопруг му простила многу повеќе неверства отколку тој на неа.

„Душко од мене добил милион нови шанси да стави крај на брачните неверства, но ние жените дефинитивно сме многу толерантни, а и големи будали. Јас не сум ни сигурна дека тој може да престане да изневерува. Јас простував многу повеќе од него,“ рекла Карлеуша.

Таа открила и дека нема да се разведат и покрај сите скандали што им се случуваат, особено откако во јавноста пред една година се појавија нејзини видео снимки и фотографии со фудбалерот Огњен Врањеш.

„Верувам во тоа дека сопружниците треба да останат во брак најмногу заради своите деца, без разлика на тоа какви кризи се случувале меѓу нив,“ додала Јелена.

Scroll to Top