На познатиот музичар Горан Бреговиќ не му било дозволено да влезе во Молдавија, иако тој веќе слетал на аеродромот во Кишињев. Организаторите на Гитарскиот музички фестивал, кој се одржува во Кишињев, денеска ја соопштија веста.
„Со сите мои музичари сум на турнеја низ цела Европа и никогаш никаде немало никакви проблеми. Многу ја сакам вашата земја и уживам во секоја прилика да настапувам во Молдавија, особено на еден ваков колоритен и уникатен фестивал“, вели тој во објавата и додава:„ Жалам што ми ја ускратија радоста и задоволството да се појавам пред вас“.