Хрватската пејачка Јелена Розга беше подолго време во љубов во Стјепан Хаусер од „Ту челос“. Таа не зборува многу за љубовниот живот. Сепак, неодамна се пожали дека не оди работата во љубовта.
„Знаев дека луѓето ќе се распрашуваат за мојот љубовен статус, но, за жал, ништо се нема променето. Како и да се промени кога сум постојано дома. Социјалните мрежи и Тиндер не ме интересираат и сметам дека таму не може да се најде вистински партнер. Ниту, пак, на Инстаграм. Што се однесува до бакнеж, се надевам дека ќе имам со кого во скоро време, бидејќи сега не се гушкам ниту бакнувам со никого“, открива пејачката во емисијата „Де токсик“.
Јелена открива и дека ѝ недостигале настапите и дека е најсреќна кога е на сцена.