На јаки таблети сум, рока „Бјело дугме“ во собава

Режисерот Балша Ѓого, пријател на покојниот актер Небојша Глоговац раскажал дека пред смртта актерот му испратил смс коај никогаш нема да ја заборави.

Пораката му стигнала рано наутро, додека Глоговац лежел во болница:

„На една жена од околу 70 години овде во собава ѝ звони мобилниот со песната „Не спавај мала моја музика док свира“ од Бјело дугме. Додека свири  тоа, не знаеш дали спие или умрела илие на прејаки таблети како мене. Никогаш не се јавува и тоа така рока музиката од телефонот додека медицинската сестра не го исклучи. А медицинска сестра нема секогаш. Бизарна слика, мислам дека госпоѓата имала нешто со некого од Бјело дугме. А се гледа дека била убава.“

Ѓого не знаел како да реагира на пораката, па по некое време стигнала уште една:

„Ајде, Хичкок, не плачи, па не ти се откачил браникот на колата па да бидеш тажен“.

Режисерот вели дека не можел да поверува дека Глоговац е болен и кога било извесно дека ќе ја изгуби битката.

-Сите ние негови другари растурени по Подгорица, Требиње, Никшиќ, Ријека, Загреб, Белград, кога ја дознавме дијагнозата, одевме од лекар на лекар да не прегледа, да се снимаме. Дознавме дека сме настинати, дека имаме вирус, грип, астма… Кога дознавме дека неговата состојба е безизлезна, меревме време и се надевавме – барем уште некоја година, до есента, до пролетта, па во недли, ајде уште еоваа недела, па ќе биде добро денов да го истурка, но не успеа…, вели Ѓого неколку месеци по смртта на другарот од детството.

Scroll to Top