Кристина (Кија) Коцкар гостувала во емисијата „Народот прашува“, каде што раскажала за односот што го има со Цеца. Кија зборувала и за допишувањето со фолк-ѕвездата и потоа раскажала за поддршката што ја добила од фолк-ѕвездата.
„Цеца ме поддржа кога бев во ‘Задруга’. Ме пофали и за песната и за спотот. Јас ѝ се заблагодарив за фустанот што ми го испрати“, изјавила Кија.
Кристина ја пофалила и првата песна на Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на Цеца.
„Ние сме сега конкуренција! Спотот и песната се предобри. Ми се допаѓа текстот. Анастасија е талент. Нема сомнеж дека ќе стане голема пејачка ѕвезда“, изјавила Кија.