На Матеја Кежман му се заканува затворска казна

Поранешниот српски фудбалер Матеја Кежман поради неплатена алиментација за неговите три деца, на својата сопруга и е должен 27.000 евра. Неговата сопруга Емилија поднела кривична пријава затоа што Кежман не си ги подмирил обврските кон своите синови и ќерки во последните 2,5 години.

Иако судењето било одложено, новинарите кои ги чекаале пред судот велат дека за разлика од Кежман, Емилија со адвокатот излегла задоволна од зградата.

 

„Кога пред четири години се развеле, Матеја секој месец регуларно плаќал 900 евра, но тогаш поради некоја причина, изненадувачки престанал да плаќа. Од приватните школи, децата ги префрлил во државни, а трошоците ги сведол на минимум. Тогаш оддеднаш престанал да уплатува пари. Емилија не можела да се договори со него, па тогаш се одлучила да поднесе кривична пријава. Кежман се појавил на сослушувањето и се обидел да се оправда со тоа што им оставил локал во Црна Гора и дека киријата која ја наплаќале всушност претставува износ на алиментацијата. Исто така поранешниот фудбалер тврдел дека редовно им ги купувал на своите деца неопходните работи. Ги носел на патувања, им ги плаќа школските трошоци и се што од него ја бара улогата на татко“, вели извор близок до Кежман.

„Ако ја признае вината, Кежман може да прифати да им плати се што им должи и да биде ослободен од казната. Но, доколку остане на своите тврдења дека на децата не им должи ништо, против него ќе се води судска постапка и може да биде осуден на затворска казна“, вели изворот.

Бракоразводната парница на поранешните сопружници траела речиси три години. На средината на 2014 година, и двајцата биле официјално разведени, по што следело делењето на имотот на Кежман, кој наводно е вреден 15 милиони евра.

Во периодот додека бил во брак со Емилија, тој парите ги вложувал во бројни недвижности, меѓу кои и апартмани и хотел во Црна Гора, станови и локали во Белград, како и апартман на Копаонилк.

Kurir

Scroll to Top