На Мина не можам да ѝ бидам мајка или другарка!

Сопругата на Жељко Јоксимовиќ, водителката Јована реши да стави крај на муабетите за нејзиниот однос со ќерката на Жељко од првиот брак, Мина. Медиумите подолго време се занимаваат со нејзиниот однос со Мина, пишувајќи дека се во „ладна војна“.

„Јас на Мина не можам да ѝ бидам другарка, а не можам да ѝ бидам ни мајка. Можам со неа да бидам само пријател и некој што кога ќе ѝ затреба во животот ќе биде тука. Луѓето страшно ги мешаат улогите. Мислам дека Мина има прекрасни родители – прекрасна мајка и прекрасен татко. Мина е член на нашето семејство, таа е тука со нас. Како што ја има топлината во куќата на мајка си, ја има и во нашиот дом“, вели Јована.

Scroll to Top