Северина се откри – Ќе се разведува од Игор?!

Северина пред две години ја изненади јавноста кога реши да се омажи за 15 години помладиот избраник Игор Којиќ. Иако нивната романса трае веќе некое време, многумина предвидуваат дека ќе се разделат, а тоа го мисли и самата Севе.

За време на дружењето со своите пријатели во Црна Гора, Северина случајно им се доверила дека ова не е нејзин последен брак.

– Севе седеше со нас во еден познат рибен ресторан во Црна Гора на плажата Каменово и почна тема за својот брак со Игор. Сите нè интересираше нивниот однос бидејќи е помлад од неа 15 години. Кога ја прашавме како функционираат, Севе се насмеа и рече: „Ма убаво ми е мене со него, но ќе се омажам уште неколкупати. Никогаш не се знае што нè чека во животот“, раскажал изворот.

Но, се чини дека пејачката сфатила што рекла, па брзо се обидела да се извлече и да го демантира наводниот развод со Игор:

– Игор ме чува како капка на дланката. Се сакаме навистина. И сигурна сум дека еден ден ќе имаме деца, рекла таа.

Scroll to Top