На смртна постела Гидра им кажувал вицеви на докторите и ранетите од војната

Драгомир Бојаниќ Гидра најмногу ќе го паметиме по улогата на Жика Павловиќ од серијата „Жикина династија”, иако Гидра беше брилијантен и во многу други.

Неговата ќерка Јелена Бојаниќ се присети на неговите последни денови.Тој почина во Белград на 11 ноември од рак на црниот дроб.

„При една посета на Србија во 1993 година отидов директно кај него во болница. Слетав во Будимпешта. Грозно време. Од Будимпешта директно отидов во болницата. Онкологија, четврти кат. Во четири наутро сè беше мрачно, а на крајот на ходникот на четвртиот кат светло. Цел ВМА беше полн со војска под оружје. Не изгледаше како болница, туку како објект под опсада“ – раскажува ќерката на Гидра, Јелена Бојаниќ.

„Имав впечаток дека се вратив во некоја друга држава. Мојата генерација не беше свесна. Се качив и видов метеж низ мракот. Со хеликоптер носеа ранети, деца од 18,19 години, ги оперира, многумина беа без нозе. Медицинските сестри ги носеа младите ранети во колички до болничката соба каде што беше мојот татко Гидра. Тој, пак, им раскажуваше вицеви во четири наутро. Знаевме дека му се ближи крајот, сестрите му шверцуваа цигари. А во неговата соба имаше дежурни лекари па заедно со ранетите се смееја на неговите фазони. Тие седеа од 11 до четири часот наутро кај него. Тој имаше монолог, а за секој од нив имаше и по еден штос. Така месец дена умираше и секоја вечер во тие месец дена ги забавуваше  ранетите“, раскажува неговата ќерка.

Scroll to Top