На српската пејачка Љупка Стевиќ ѝ се заканува затвор, затоа што го прислушувала полицискиот генерал Драгиша Симиќ. Двајцата неколку дена се во центарот на внимание во јавноста, поради скандалот што се случил во Белград.
Љупка поради нејзината недоверба во него, му уништила два автомобила, а во јавноста тврдела и дека тој ја изневерил со три малолетни девојки.
Претходно таа му поставила и апарат за прислушување, а снимката ја доставила во јавноста. Српските медиуми пренесуваат дека пејачката сега може да добие година дена затвор и парична казна доколку се докаже кривично дело.
Ако снимката се даде на користење на медиумите, тогаш казната затвор може да достигне и до три години. Колкава ќе биде казната за Љупка, зависи од мотивот, објективните причини, олеснителните околности и животните причини поради кои таа го прислушувала Драгиша.
Ако се земат сите работи предвид, казната би можела да биде и помала. Судот најчесто има разбирање за лицата кои сториле вакви дела од емотивни причини. Тоа значи дека нема да бидат казнети, односно нивната казна ќе биде поблага од оние кои прислушувале од користољубие.
Љупка за медиумите изјавила дека му ги уништила автомобилите на Драгиша, додека била под дејство на лекови. Драгиша тврди дека не бил присутен во тоа време кога се случил инцидентот.
Љупка откако излезе скандалот во јавноста, добила забрана да му се доближи на Драгиша, а одземени ѝ се и две пушки.