На Сузана Манчиќ ѝ се потребни 2000 евра за нормален живот

Поранешната водителката Сузана Манчиќ не крие дека сака да го живее животот на висока нога, па шокираше со изјавата дека за нормален живот ѝ се потребни во просек околу 2000 евра, додека повеќето луѓе едвај крпат крај со крај.„Мојот живот е скап“, искрена беше Сузана.

„Еднаш реков и сите паднаа во несвест. Ми требаат најмалку 2000 евра за да го преживеам месецот. Мојот живот е скап. Автомобил, гаража, голем стан, плаќам инфо за стан, на децата сè уште им плаќам школарина, моето образование, телефон“, откри Сузана и додаде дека никогаш немала проблем со минусот во банка, сака да работи, па сè уште нешто капнува од страна.

 

Scroll to Top